Дедо чувал 36 години нова Volga во гаража за неговите внуци (Фото/Видео)

ОБЈАВЕНО НА:

Вообичаени се приказните за откривање на складишта во кои се пронајдени возила кои минале неколку десетлетија, и сега вредат „мало богатство“. Но, слични приказни има и на Истокот. Оваа доаѓа од Украина каде тамошниот блогер Roma Uracco открива како дедо чувал во гаража 36 години нова Volga што сега им ја остава на своите внуци.

Внуците му напишале писмо на блогерот кој не можел да поверува дека во Украина има толку нова, а сепак стара Volga. Пајажината која се наоѓа на тркала ја потврдува приказната за ГАЗ-24М, а на одометарот само 30 км. Моелот е одлично сочуван з ашто сведочи и внатрешноста на автомобилот.

Моделот бил купен во 1985 година, бидејќи можел тоа да си го дозволи. Истиот е уште поуникатен бидејќи се произведувал само една година. Неговиот прв и единствен сопственик работел како менаџер во такси парк во Лавов.

Дедо чувал Volga 36 години за внуците

Моделот бил купен во 1985 година, бидејќи можел тоа да си го дозволи. Истиот е уште поуникатен бидејќи се произведувал само една година. Неговиот прв и единствен сопственик работел како менаџер во такси парк во Лавов.

Бидејќи тој веќе имал автомобил за секој ден – исто така ГАЗ -24, тој одлучи да го задржи новиот автомобил за своите идни внуци.

Од фотографиите и видеото може да се види колку е навистина сочуван автомобилот.
Не се знае што решиле неговите внуци, дали ќе го возат автомобилот или ќе го чуваат.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK