Четвртиот модел на Tesla доаѓа следната недела

ОБЈАВЕНО НА:

Tesla ќе го престави својот четврти модел во понудата на специјална церемонија во дизајнерското студи на компанијата во Лос Анџелес на 14 март. Ова беше објавено преку соопштение од Елон Маск на неговиот профил на Твитер. Компактниот кросовер Model Y е изграден на платформа на бестселекрот Model 3 и ќе биде позициониран под Model X.

Новиот електромобил ќе се произведува во фабриката на Tesla во Фримонт во Калифорнија, а за две години ќе почне производството и во новата Гигафабрика во Кина. Моделот Y е околу 10 проценти поголем од Model 3 и ќе лини исто толку поскапо.

Километрите кои ќе можат да бидат поминати со еднаков акумулаторен блок исто така ќе бидат помали. Според информацијата Model Y ќе има верзија и со три реда на седишта. Според InsideEVs цените почнуваат од 45.000 долари (39.682 евра).

Следете не и на:

24AUTO NETWORK