Bugаtti ја шири дејноста, почна да продава и жилети за бричење

ОБЈАВЕНО НА:

Доколку некогаш сте сонувале да поседувате нешто со логото на Bugаtti, но не ви се наоѓаат неколку милиони евра тогаш компанијата од Франција може да има решение за вас.

Оваа компанија заедно со Gillеttе, претстави нов модел на бричеви, кој располага со добро познатата технологија на еден од водечките брендови во оваа област, како и со некои елементи од автомобилите на Bugаtti.

Покрај логото, кое може да биде најдено на рачката од бричот, секој од лимитираните примероци е направен од цинк, алуминиум и титан, покриени со препознатливата сина боја Аgilе Blеu, која може да се најде и во каталогот на Bugаtti.

Самиот брич од своја страна е идентичен со другите модели на Gillеttе и располаа со пет сечила, кои ротираат и ја загреваат главата.

Не се споменува ништо за цената, но најверојатно цента на стартниот пакет ќе биде околу 200 долари. Се очекува продажбите да стартуваат до крајот на овој месец на веќе одбрани пазари.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK