Bugatti Chiron е половина распродаден

ОБЈАВЕНО НА:

Кога супер автомобил што чини над 1 милион евра ќе биде распродаден, и истовремено моделите испорачани кај купувачите тогаш можеби се смета дека постои заситеност на пазарот. Тоа го стори Bugatti со моделот Veyron чии 450 примероци се веќе испорачани.

Но, кога станува збор за Bugatti тогаш се уште постои глад за вакви возила. И тоа го покажа со фактот дека половина од новиот Chiron се веќе нарачани. А планирани се само 500 примероци од новиот 16-цилиндричен ѕвер што треба да биде произведен.

Моделот беше првпат претставен лани на саемот во Женева, а сега ќе биде покажан модел произведен за купувач од германско јазично подрачје. За Bugatti останува Европа како главен пазар, каде 37 отсто од производството се пласира з ановиот Chiron. Потоа следува Северна Америка со 30 оттсо и Блиски Исток со 26 отсто. Затоа као сакате да го нарачате, бидејќи како што тргнало веројатно в година ова време целиот планиран план ќе биде исполнет.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK