Познатото народно возило на VW што со децении се произведуваше – Beetle (буба) престана да се произведува во 2019 година. Оттогаш се појавуваа шпекулации дали повторно ќе го видиме истото возило и со каков изглед. И наместо VW веројатно во иднина иконското возило ќе се произведува во Кина!
Новоформираниот бренд ORA во рамките на Great Wall покажа електрично возило со четири врати што е клон на познатат „буба“ и предизвика многу внимание на саемот во Шангај кај посетителите. Интересно е и името – Punk Cat!
Како што може да се види, моделот е јасно инспириран од класичната „Буб“а бидејќи има заоблена хауба и кружни фарови. Изненандувачкиот дизајн не застанува тука бидејќи автомобилот има и браници слични како на „Буба. Темата „Буба“ продолжува и на задниот дел кој е дефинитивно помодерен од оригиналот.
Дури и ентериерот црпи инспирација од „Буба“ бидејќи воланот е модерна копија на онаа што ја користи Volkswagen. Сепак, тука завршуваат сличностите бидејќи електричниот модел има отвори за воздух и систем за инфо-забава со широк екран.
Punk Cat – клон на VW Beetle
Кинеските медиуми велат дека Punk Cat е „временски шатл“ што ќе им даде на сопствениците чувство на „носталгија“. Од Car News China, истакнуваат дека матичната компанија на ОRА, Great Wall Motors, потпишала заедничко вложување со BMW за изградба на иднoто MINI во Кина. Ќе се заснова на платформите на ОRА, па може да се замисли дека може да има и MINI базиран на „Буба“.
Но за ORA ова не е прв електричен модел што има инспирација од некој друг оригинал. Клонирање имаат и кај R1 Black Cat кој е дел Smart ForFour и дел Honda E. ORA го продава и Scion xB-R2 White Cat и es11 Good Cat која изгледа како прва генерација на Nissan Leaf измешана со стил на Porsche и Mini.