Германскиот производител беше принуден да го намали производството на своите престижни седани поради слабата продажба. Mercedes-Benz ќе го намали производството на S-Class и електричниот EQS поради падот на интересот на клиентите за двата најлуксузни седани на производителот.
Вестите за промената на обемот на производството првично се појавија како гласини, но наскоро Mercedes потврди дека информацијата е точна. И S-Class и EQS се произведуваат во иста фабрика во Зинделфинген, која обично работи во две смени. Производството ќе се намали на една смена во октомври, најави Mercedes.
„Ние постојано ја оптимизираме нашата производна мрежа и ја користиме нејзината висока флексибилност за да реагираме на флуктуации и промени во рамковните услови поврзани со геополитичките, микро и макроекономските случувања и да останеме конкурентни“, се вели во соопштението на Mercedes објавено од Handelsblat.
„Според тоа, планираме да го прилагодиме производството на автомобили во некои делови од фабриката во Зинделфинген.
Продажбата на S-Class падна за 22% во првата половина од годината, при што 28.100 од овие седани беа испорачани помеѓу јануари и јуни.
Како што наведува Mercedes во своето соопштение, фабриката во која се прават S Class и EQS е флексибилна и доколку марката треба да се врати на две смени во иднина, тоа би требало да може да го направи без многу проблеми.
Можно е некои потенцијални купувачи од S-класата да сакаат да го чекаат редизајнот на моделот планиран за 2026 година. Овој автомобил ќе биде претставен во текот на следната година и ќе има ревидиран стил, кој вклучува новодизајнирани фарови, заедно со LED дневни светла во форма на трикрака ѕвезда.