BMW пушта луксузна Series-7 за 400.000 дoлaри

ОБЈАВЕНО НА:

Компанијата BMW ја претстави специјалната верзија на флагманот од серијата 7, наречена Shining Shаdоw Spесiаl Еditiоn, која се претвори во една од најлуксузните модификации на моделот од актуелната генерација. Премиерата на автомобилот беше одржана на автомобилскиот саем во Шангај.

Седанот е уникатен со две бои: горниот дел на автомобилот е офарбан во сребрена нијанса, додека долниот дел од каросеријата е покриен со темноцрна боја. Баварците одбележаа дека целиот процес на фарбање на автомобилот одзема од шест до седум дена.

Ентериертот е обложен со пепел-бела кожа со дијамантски шевови и лакиран дрвен фурнир. Седиштата се електрично регулирани и имаат функција за масажа, а предните седишта се опремени со дополнителни мултимедиски таблети за патниците од задниот ред.

BMW 7-Sеriеs Shining Shаdоw Spесiаl Еditiоn e опремен со 6.0-литарски V12 мотор, кој развива 585 КС и 850 Нм вртежен момент. Седанот е способен да забрза од нула до 100 км/ч за 3,8 секунди, а максималната брзина е принудно ограничена до 250 км на час.

Специјалното издание BMW 7-Sеriеs Shining Shаdоw ќе биде пуштено во ограничен број од 25 примероци, додека сите ќе се продадваат во Кина. Цената на автомобилот ќе биде 2,6 милиони јуани (околу 400.000 долари).

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK