BMW повлекува 480.000 возила поради воздушни перничиња

ОБЈАВЕНО НА:

Скандалот Takata го зема својот данок и кај компанијата BMW која е принудена да повлече речиси пола милион примероци со инсталирани воздушни перничиња со сомнителен квалитет. Од оваа бројка речиси една петина од возилата се наоѓаат во матичната земја на брендот.

Погодени се возилата од серија 5 како и СУВ примероците на Х5 кои се произведени меѓу 2000 и 2004 година, а кои поседуваа опциски обрач на воланот.

Целиот хаос во автомобилската индустрија го предизвика јапонскиот снабдувач Takata, кој во меѓувреме заврши во стечај, а воздушните перничиња можат да претставуваат закана за патниците поради можноста за повредување доколку се активираат.

Како резултат на тоа ќе биде неопходна контрола на обрачот на воланот на споменатите примероци за што на професионалците во сервисите ќе им биде потребно околу еден час.

Во основа на ова или проблематичните воздушни перничиња од брендот Tanaka веќе ширум светот се повлечени огромен број на возила од што 42 милиони примероци се само на територија на Америка. Годините поминаа, но ќе треба да поминат уште многу за да може индустријата да закрепне од овој скандал.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK