Без моноволуменец: Ford C-Max и дефинитивно не добива наследник

ОБЈАВЕНО НА:

Пред само неколку денови американскиот производител Ford објави дека во јуни завршува производството на моделите B-Max и C-Max кое во моментов се одвива во германската фабрика во градот Сарлуис.

По оваа информација на интернет се појави шпекулација дека Ford, за разлика од моделот B-Max, планира наследник за C-Max со што ќе го продолжи своето присуство во сегментот на моноволуменци. Сепак, сега и официјално е потврдено дека и овој модел, вклучително и Grand C-Max ќе отидат во историјата засекогаш.

Моделот C-Max, Ford го лансираше во 2003 година кога започнуваше и златната доба на моноволуменците. Првата генерација од овој модел на пазарот се задржа се до 2010 година, а поради одличните продажни перформанси беше лансирана и втората генерација.

Сепак, падот на популаризацијата на овој вид на автомобили и се поголемата популарност на SUV возилата се чини дека беа пресудни за овој производител и дефинитивно во целост да се повлече од овој сегмент на возила каде сега им остава можност на останатите производители, пред се европските да ја пополнат и онака малата празнина.

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK