Бензинот поскапува за половина денар – дизелот поевтинува за половина денар

ОБЈАВЕНО НА:

Од ноќеска ќе има нови малопродажни цени на нафтените деривати по одлуката на Регулаторната комисија за енергетика. Бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 од ноќеска на полноќ поскапуваат за половина денар, а за толку поевтинуваат ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1)

Новите цени се:
ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе изнесува 77 денари
ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе се продава по 79 денари.
ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе изнесува 68 денари
Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – ќе се продава за 67,5 денари за литар

Во изминатиот седумдневен период референтните цени на светските берзи во просек бележат зголемување кај бензинот за 1,292 проценти , кај дизелот има намалување за 0,461 проценти. Во истиот период курсот на денарот во однос на доларот е повисок за 0,103 проценти, информира РКЕ во одлуката за промена на цените на горивата.

 

 

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK