Bentley лансираше парфем со мирисот на „нов автомобил“.

ОБЈАВЕНО НА:

Мирисот на нов автомобил е нешто што им е познато на мнозинството љубители на автомобили. Многу компании нудат парфеми со сличен мирис, но сега Bentely отиде чекор понапред и објави дека создале нов мирис за мажи.

Компанијата тврди дека е инспирирана од моделите Blackline на британскиот бренд за луксузни автомобили, кои доаѓаат со затемнети детали наместо вообичаените хромирани елементи.

Официјално наречен Bentley For Men Black Edition, новиот машки парфем доаѓа во шише кое личи на скроен смокинг, дизајнирано да ги одразува линиите и облините на Bentley, велат од компанијата.

Со црно стакло, шишето има и дискретни сребрено-бели ленти, полиран сребрен метален печат со логото на производителот на автомобили и сребрено капаче опкружено со препознатливиот грабач на Bentley што се наоѓа во внатрешноста на сите автомобили на марката.

Bentley For Men Black Edition Eau De Parfum
цената е 69 фунти за 100ml
Може да се нарача на shop.bentleymotors.com 

 

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK