Батерија на Toyota bZ4X ќе „држи“ 90% од капацитетот и по 10 години

ОБЈАВЕНО НА:

Во моментов најголема непознаница е колку време вградените батерии во електричните возила ќе можат да го држат капацитетот на струја. Тој е најважниот дел намалување на капцитетот на батеријата значи и почесто менување, што е скапа инвестиција. Toyota имаше информација за батериите и електрификацијата, и тоа дека нејзините нови електрични автомобили ќе имаат значително потрајни батерии.

Целта поставена за претстојната Toyota bZ4X и следните BEV е 90% од почетниот капацитет на батеријата (и опсегот) да држи во текот на 10 години употреба.

Со други зборови, автомобил што има 500 километри дострел кога е нов, треба да има 450 километри дострел по 10 години. Се разбира, претпоставуваме дека може да биде помалку ако корисникот ја надмине типичната километража или брзото полнење (Toyota не открива информации за тоа).

Како и да е, целта е многу добра и конзистентна со фокусот на Toyota на сигурноста на автомобилите.

Моментално достапните Toyota BEV во Кина (C-HR и IZOA) имаа цел од околу 75-80%, додека plug-in хибридните Priuses се чини дека се околу 50-55% (првата генерација) и околу 60- 65% (втора генерација).

Ако навистина Toyota успее ова да го постигне ќе значи и голема револуција во електрификацијата. Јапонците се пионери во однос на хибридните возила, а сега сериозно вложуваат и во водородот како алтернатива. Но, бидејќи сите се придвижуваат кон целосна електрификација, издржливоста на батеријата ќе биде најважниот фактор.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK