Додека секојдневно се појавуваат шпекулации за враќање на легендарната Delta онаква каква што сите ја паметиме, популарниот германски магазин за автомобилизам AutoBild објави рендер за новата генерација на овој модел.
На рендерот се гледа Delta HF во целосно нов дизајн кој ја следи формата на добро познатиот модел од 90-те години. Спортскиот карактер воопшто не недостасува, а дополнително привлечен е модерниот дизајн. Во рендерот присутни се одредени дизајнерски црти од моделот претставен во 1979 година, а чиј дизајн е дело на Џорџето Џуџаро.
Во моментов Lancia има само еден модел, Ypsilon, кој се продава исклучиво во Италија. Со спојувањето на Stellantis, Lancia повторно ќе се врати на старите патеки враќајќи се во Европа како премиум бренд. Засега е најавен само еден нов кросовер кој би се произведувал во Полска, како и новата генерација на Ypsilon.
За Delta нема никакви официјални информации иако италијанските медиуми, а сега и AutoBild шпекулираат дека ќе биде следниот модел на кој ќе работи Stellantis.
Во меѓувреме одговорете на нашата анкета
[totalpoll id=”67093″]