Апарат со кој може да го контролирате расположението

ОБЈАВЕНО НА:

Стартап компанија од Лондон неодамна го претстави Doppel, уредот со којшто можете да го контролирате расположението, односно да се смирите во стресни ситуации или да ја зголемите концентрацијата пред работен состанок.

Апаратот не користи стимуланси или други хемиски препарати. Се носи на внатрешната страна од зглобот и наличува на рачен саат, а е поврзан со апликација инсталирана на мобилниот телефон. Уредот емитува вибрации кои го имитираат пулсот, а со која брзина ќе пулсира корисникот може дам да одреди преку мобилниот апарат или директно со притисок вр апаратот.

Кога корисникот сака да се смири треба да ги забави вибрациите, а ако сака да постигне подобра концентрација и да го разбуди телото и мозокот пред важен работен состанок треба да ги забрза вибрациите.

Неколку тест групи се изјаснија дека уредот вистина делува врз расположението и може по потреба да го промени, а особено се покажува како корисен за смирување на корисникот во стресни ситуации.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK