Порано беше незамисливо и да размилсуваш да купиш кинески автомобил, чии креации беа копии и со застарена технологија. Но, работите се сменија, и сега Кина не само што граби напред технолошки, тој е главниот пазар за автомобилската индустрија.
Кинезите веќе ја напаѓаат Европа и прашање на време е кога нивните автомобили ќе бидат можеби и „понуда што не се одбива“, па и „вредност за парите“. Секако, ќе треба прво да се навикнеме на нивните чудни имиња на брендовите и марките на возила
Се повеќе купувачи на автомобили во Германија не би имале проблем да имаат кинески автомобил. Речиси една третина (30 проценти) од 1.055 жени и мажи анкетирани од порталот Carwow изјавиле дека можат да замислат дека нивниот следен автомобил ќе биде од Кина.
Сепак, 70 отсто одбиваат возила од Кина, додека кај Британците, исто така анкетирани од Carwow, таа бројка е 71 отсто.
Кинеските производители на автомобили кои сакаат да влезат на германскиот пазар, исто така, треба да привлечат нови возачи. Тие се борат со речиси целосен недостаток на свест за брендот и мора да ја променат моменталната перцепција на јавноста за квалитетот на нивните производи – вели Филип Сејлер извршниот директор на Carwow.
За 19% од Германците и дури 27% од Британците потеклото на возилото е многу важен фактор, за 40% и 39% тоа е делумно одлучувачки фактор. Од друга страна, за 41% од Германците и 34% од Британците, не е важно од која земја доаѓа брендот на автомобилот.
Кинеските производители на автомобили сакаат масовно да се прошират во Европа. Иако не успеаја во првите обиди поради големи дефекти во квалитетот и безбедноста, Кинезите сега очигледно ја научија лекцијата и работат на процесот на обезбедување на својот прв пазарен удел во Европа.
Ова особено се однесува на електричните автомобили, каде Кинезите се еднакви, па дури и технолошки супериорни во однос на германските, јапонските или американските производители на автомобили. Токму поради оваа предност, кинеските производители можеа полесно да го освојат европскиот пазар отколку, некогаш, јапонските и корејските производители.
Затоа сега можеме да очекуваме многу повќе кинески возила да почнат да се возат по улиците низ Европа.