Последното истражување направено во Америка покажува дека сопствениците на нови автомобили се помалку задоволни од нивниот избор во однос на минатото. Според групниот резултат, вкупнио тиднес на задоволство е паднат за 1,2 отсто, односно 81 поен на скалилото од 0 до 100.
Американските производители имаат пад, а единствено General Motors е компанија што има пораст во иднексот годинава. Компанијата постигна 82 бода, со што е пред ривалите како Ford (81) и Fiat Chrysler (77).
Странските производители продолжуваат да доминираат, и тие се н апрвите шест места. Toyota постигна 86 поени а потоа следуваат: Subaru (85), GMC (84) и Hyundai (83). Но, во последниот извештај има пад кај задоволството кај производите на Honda каде има пад од 6 отсто, односно 81 поен, и е на делба на истото место како и Chevrolet.
Гледано од луксузните модели, прв е Lexus (86), Mercedes (84) и Cadillac (83). На последното место е Acura со 80 поени, но тое напредок бидејќи лани тие имаа 76 поени.