Alpina B5 го симна Audi RS6 Avant од врвот на листата на најбрзи каравани. Со своите перформански Alpina B5 успеа да се најде на врвот така што ова возило сега важи како најбрзо во својата класа. Караванот Alpina B5 BI-Turbo Touring е базиран на BMW series 5 и тоа од најновата генерација односно series G30. Се работи за вистински Grand Tourismo автомобил кој е повеќе од практичен со оглед на тоа што во него може да ужива целото семејство.
Автомобилот го придвижува 4,4 литарски V8 мотор со две турбини и вкупно 608 коњски сили. Менувачот е со осум степени и е автоматик, а силата се пренесува на сите четири тркала.
Во ваква конфигурација Alpina B5 BI-Turbo Touring од состојба на мирување до 100 километри на час успева да стигне за фантастични 3,5 секунди. Максималната брзина е 322 километри на час.
Возилото Alpina B5 BI-Turbo Touring се склопува во Велика Британија, а почетната цена е 102.500 евра.