Општина Кисела Вода од вторник, 15 март 2022 година, во заедничка соработка со полицијата започнува со акција за изрекување на опомени до сопствениците на хаварисани возила за отстранување на моторното возило поради попречување на одвивање на сообраќајот и загрозување на човековата околина.
Доколку возилото и покрај опомената, не биде отстрането во рок од 15 дена или најдоцна до 30 март 2022 година, тоа ќе го стори пајак службата, но на сметка на сопственикот на возилото.
Исто така, против него ќе биде изречена глоба во мандатна постапка во врска со член 63 во согласност со Законот за безбедност и сообраќај на патиштата.
Проверете дали сте го заборавиле вашето хаварисано возило на паркинг каде тоа не треба да стои.