Ако имате пари ова е моментот: Повеќе од 140 автомобили од 80-те и 90-те години одат на продажба

ОБЈАВЕНО НА:

Повеќе од 140 автомобили, најголем дел од 80-те и 90-те години во сопственост на еден колекционер одат на аукција.

Најавена како најголема аукција на автомобили, оваа колекција ќе се распродаде на четири локации низ светот. Се започнува на 6. февруари 2019 во Париз, а еден месец подоцна аукцијата се сели на Флорида. Во истата сојузна држава, но на друга локација ќе се одржи и третата аукција додека последната е закажана во Есен, Германија на 11 април 2019 каде дел од аукцијата ќе бидат повеќе од 80 автомобили.

Колекцијата вклучува 34 автомобили од брендот Mercedes-Benz, 27 од брендот BMW, а тука се автомобили и од брендовите Rolls-Royce, Bentley, Porsche, Jaguar, Ferrari, Aston Martin, Renault, Morgan, Audi, Lamborghini, Lotus како и Acura, Mazda, Mitsubishi, Nissan и Toyota.

Сите автомобили дел од колекцијата односно аукцијата се со помалку од 100 илјади поминати километри па оттука и почетната цена е значително поголема од некогаш продажната цена. Доколку имате пари, а барате идеален начин за инвестирање тогаш потребно е веднаш да ја контактирате аукциската куќа организатор на оваа аукција, RMSothebys и навремено да си го резервирате вашето место.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK