Саемот во Женева кој ќе се одржи следниот месец ќе биде место за презентација и на обновената C-Class на Mercedes-Benz. Направени се мали промени. Во предниот дел веќе е стандардна радијаторската решетка, која досега беше присутна само кај верзијата AMG-Line, а како дел од сериската опрема веќе се и ЛЕД фаровите. Во задниот дел се направени промени во графиката на стоп-светилките.
Оригиналната опрема нуди и тркала од 17-цола со двојни краци, а бојата на гамата веќе вклучива и два нови предлога во Mojave Silver Metallic и Emerald Green Metallic.
Во ентериерот впечаток прави новиот волан, кој веќе располага и со копчиња на допир. Клиентите ќе можат да избираат и меѓу три размери на централниот дисплеј од 7 инчи, 10.25 инчи и 12.3 инчи.
Можеби најголемата новост е скриена за окото, но C-Class ги има сите најмодерни активни и пасивни асистирачки системи, кои доаѓаат директно од поголемиот E-Class, како и од CLS-Class.