Новата генерација на кросоверот X4 беше официјално претставена од страна на BMW. Џипот кој е поголем од својот претходник има должина од 475,2 сантиметри, што е за 8,1 сантиметар подолго, а широко 191.8 сантиметри (3,7 повеќе од претходникот), додека базата на тркалата е со 3,7 сантиметри над претходната верзија (286,4 сантиметри).
Стандардниот обем на багажникот е 525 литри, а при собрани седишта во вториот ред (во пропорции 40:20:40) се зголемува до 1430 литри. Сега бројките се 500 и 1400 литри.
Во конструкцијата на кросоверот е користено повеќе алуминиум, а тоа дозволило да се зголеми цврстината на купето, но и да се намали тежината. Разликата е во 50 килограми (помалку) во однос на возилото од претходната генерација.
BMW X4 исто така ќе биде понудено и во две напумпани верзии M Performance: M40i и M40d. Првата има трилитров бензинец со моќност од 360 коњски сили и 500 Нм вртежен момент. Со него се забрзува од место до 100 100 км/ч за 4,8 секунди.
Модифицираната M40d е со трилитров дизелов мотор со шест цилиндри. Моторот е со 326 коњски сили и 680 Нм вртежен момент. Од 0 до 100 км/ч забрзуваза 4,9 секунди.