Таксата за престој е воведена за сите хотели и апартмани и ќе се пресметува во зависност од бројот на ноќевања и категоријата на сместување која ќе ја изберете.
Грција е нашата најчеста дестинацја за одмор или викенд патувања. И секоја сезона цените се зголемуваат на престојот кај нашиот јужен сосед. Но, од 1 јануари 2018 година има и нова давачка што ќе треба да се плаќа за престојот, без разлика дали сте во хотел или апартмани.
Таксата за престој е воведена за сите хотели и апартмани и ќе се пресметува во зависност од бројот на ноќевања и категоријата на сместување која ќе ја изберете.
Таксата за престој ќе се плаќа во самиот објект, при Вашето пријавување во истиот.
Износот на таксите е следен:
5* хотели: 4 евра по соба на ноќ
4* хотели: 3 евра по соба на ноќ
3* хотели: 1,5 евра по соба на ноќ
1 & 2* хотели: 0,5 евра по соба на ноќ
1 & 2 key апартмани: 0,25 еур по соба на ноќ
3 key апартмани: 0,5 еур по соба на ноќ
4 key апартмани: 1 еур по соба на ноќ