Градот Скопје потпиша договор со компанијата „Чериот моторс“ (Chariot Motors) за пробно користење електричен автобус за период од шест месеци. По истекот на пробниот период овој електричен автобус ќе биде понуден на ЈСП и на приватните превозници да го купат.
Електричниот автобус ќе почне да сообраќа на градските улици во април годинава, и тоа на линијата со број 15 на ЈСП од Ново Лисиче до Карпош 4, по следната траса: булевар Јане Сандански, булевар Кочо Рацин, улица Димитрие Чуповски, булевар Партизански одреди и обратно. Во возилото може да се превезуваат до 85 патници.
За еден ден возење низ Скопје електричниот автобус ќе прави трошок за електрична енергија од 21 евра, што е многу помалку отколку трошоците за дизел гориво на двокатните автобуси кои се 121 евро за еден ден.
Станиците за полнење на крајните постојки во Ново Лисиче и во Карпош 4 се поставени со помош на ЕВН.
Годинава е предвиден буџет за субвенции за набавка на еко-автобуси во висина од 100 милиони денари и за приватните превозници во висина од 20 милиони денари.
„Чериот моторс“ е израелска компанија за производство на електрични автобуси со седиште во Софија, која во соработка со кинеската компанија „Хајгер“ произведува 76 автобуси на ден. Нивните автобуси веќе сообраќаат по улиците на Белград, Грац, Тел Авив, а наскоро и во Мадрид и Салцбург
За еден ден возење низ Скопје електричниот автобус ќе прави трошок за електрична енергија од 21 евра, што е многу помалку отколку трошоците за дизел гориво на двокатните автобуси кои се 121 евро за еден ден. Еден електричен автобус кој го произведува компанијата чини околу 500.000 евра.
На последните станици во Ново Лисиче и Карпош 4 ќе бидат поставени полначи а на автобусот ќе му биде потребно од 3-5 минути за полнење за да може да помине 20 километри. Капацитетот на автобусот ќе биде за 85 патници.