Новите возачи кои само што го положиле возачкиот испит често се соочуваат со потешкотии при користење на менувачот. Притоа се прават грешки за коишто ни самите не се свесни. Затоа е важно да се увидат тие грешки, но притоа и советите да се искористат и да се применат во практика. A се разбира и оние поискусните имаат лоши навики кога станува збор за менувачот во автомобилот.
ОДМОРАЊЕ НА РАКАТА НА МЕНУВАЧОТ
Прват навика која е навистина лоша, а често се применува за да се одмора раката на менувачот. Тоа е грешка бидејќи менувачот не служи за одмор на раката бидејќи притисокот ја турка вилицата на менувачот и може да допринесе за прерано трошење што секако не е добро.
Овој совет исто така се наоѓа и во самиот прирачник за управување и за користење на возилото.
Ова е особено лоша навика ако имате автоматски менувач, па потребно е само еднаш да уфрлите во брзина, а не постојано да јаимате раката на рачката.
ДРЖЕЊЕ НА МЕНУВАЧОТ ВО БРЗИНА ПРИ СТОЕЊЕ НА СЕМАФОР
Уште една од лошите навики е да се остава менувачот во брзина додека се чека зеленото светло на семафор. Доколку менувачот се исфрли од брзина со тоа ќе се олесни и пуштањето на квачилото кое е многу потешко да се притисне до крај отколку лесно да се притисне кочницата.
ДРЖЕЊЕ НА КВАЛИЧОТО И ПРИТИСКАЊЕ НА ГАСТА
Во ситуација кога во исто време го држите квачилото и ја притиската гаста тогаш доаѓа до трошење на механичкиот дел на квачилото и тоа при разликата во вртежите на моторот. Многу кратко чекање ќе биде задоволено и со притискање на квачилото до крајот, со притискање на кочница и доколку имате сигурна раздалеченост од возилото зад себе, тоа можете да го направите и без разчна кочница само со пуштање на квачилото до моментот на движење кога со брзо менување на ногата од кочницата на гаста се придвижува возилото.
ЗАКЛУЧОК
Не треба да се чудите кога некои делови треба да се заменат со оглед на тоа што прирачникот за управување воопшто и не е погледнат. Навиките се нешто друго и на нив може да се влијае само доколку еднаш се прифати фактот дека моторот функционира и каква е механиката на движење.
Што побрзо бидат прифатени фактите и се потрудите да ги смените навиките толку подобро ќе бидат зачувани деловите и ќе траат подолго.
Повеќе за овие совети може да се погледне и во видеото во продолжение.