Пет начини како да заштедите гориво за време на возење

ОБЈАВЕНО НА:

Зголемувањето на цената на горивото е причина да се размислува за штедење на истото. Секој заштеден литар на гориво е намалување на трошоците така што е добро да се знаат неколку работи со кои може да се намали потрошувачката.

НАЧИН НА ВОЗЕЊЕ
Возењето се заснова на постојано притискање на педалата за гас и на сопирачката што предизвикува голема потрошувачка на гориво, дури и кај оние малите и штедливи автомобили. Горивото се штеди со смирено возење, а со тоа се штедат и некои други компоненти како што се гумите, кочниците, квачилото.

СТАРТ-СТОП СИСТЕМ
Овој систем го имаат современите автомобили, а тој им овозможува во градско возење да ја намалат потрошувачката на горивото за 2,3 проценти. Најмалку гориво се троши при стоење во место бидејќи тогаш има најмало оптоварување на моторот.

КЛИМА УРЕДИ
Користењето на климите може да предизвика зголемување на потрошувачката на гориво за дури 25 проценти, па доколку сакате да заштедите заборавете на климата.

ПОБАВНО НА АВТОПАТ
При возење на автопат можете да заштедите значителна количина на гориво доколку ја спуштите брзината на 90 километри на час. Истражувањата покажаа дека се троши околу 20 проценти помалку гориво при брзина од 90 км на час отколку при 120 км на час.

ИСПРАВЕН МОТОР
Доколку моторот не е исправен ќе троши повеќе отколку во некои нормални околности така што е најдобро да се потрудите својот мотор да го доведете во исправна состојба.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK