Како да немате проблем со заледен автомобил

ОБЈАВЕНО НА:

Зимата и календарски веќе пристигна. Наутро повремено се нервираме со заледените стакла, бравите… Брзаме на работа, а немаме време да почекаме со размрзнување на автомобилот, одмаглување на стаклата. Но, секогаш можеме да направиме некои работи однапред и наутро да ги немаме овие главоболки.

Основно правило е никогаш да не ставате топла вода на стаклата на возилото со цел да ги одмрзнете. Така само може да предизвикате пукање и оштетување. Поумно е млака вода натопена на крпа и со тоа да се брише.

Еве дури 8 различни совети како да спречите заледување на автомобилот, стаклата, бравите…

1. Ако имате можност секогаш автомобилот паркирајте го така предниот дел да биде свртен кон исток. Така првите утрински зраци ќе овозможат и полесно одледување на предносто стакло.

2. Направите течност за чистење на стаклото од мраз и наутро само ќе го испрскате. Во шише ставете литар алкохол, еден децилитар вода и малку детерегент за миење садови. Добро изматете го. Постои уште еден совет – ставете со шише алкохол и вода во размер 2:1 (две третини алкохол и една вода).

3. Заштитете ги бравите од мраз. Тука помага WD40 спрејот што сите го користиме. Вшприцајте во бравата на автомобилот и нема да замрзне преку ноќта.

4. За да не за заледи вратата од автомобилот треба гумата да се премачка со некоја маснотија. Тука помага глицерин, вазелин па дури и масло за јадење. Направете го тоа кога ќе излезете и наутро нема да имате проблеми.

5. Ако случајно се најдете на место каде немате други средстава при рака а стаклото е заледено, тогаш можете да ја искористите вашата кредитна картичка, или оние картички што ги носите сосебе за разни попусти по маркетите. Тоа ќе ви заврши работа.

6. Ставете чорапи на бришачите. Навлечете стари чорапи за наутро да не ги најдете и нив заледени заедно со стаклото. Или едноставно, дигнете ги да не стојат на стаклото преку ноќта.

7. Ретровизорите нема да заледат ако преку нив ставите најлонски кесички. Може да се обложат и со гумена трака.

8. Ставете картон на стаклото Ова е одличен начин за превензција на стаклата. Наместо картон може да се стави и стар пешкир.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK