Faraday Future во неизвесност: Кина го стави Jia Yueting на црна листа

ОБЈАВЕНО НА:

Бизнисменот Jia Yueting, кој во светот на автомобилизмот е познат како најголемиот поддржувач на Faraday Future и како човек кој стои зад LeEco се најде на црната листа во Кина. Врховниот суд во оваа земја ја потврди ваквата одлука, а причина е долгот во износ од 72 милиони долари кон брокерската компанија, Ping An Securities.

Yueting брзо го прошири својот бизнис во областа на паметни телефони, па дури и со спортското емитување. Сепак, со своите фирми не работи според правилата бидејќи две единици од LeEco исто така беа на црната листа поради неплатени долгови.

Ова не е првпат Yueting да биде во центарот на вниманието со контроверзи околу неговите финансии. Во јули годинава судот во Кина му замрзна имот од 187 милиони долари поради новиот неуспех на LeEco да ја плати каматата на кредитот којшто го имаше подигнато.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK