Во периодот додека во Porsche работеа на развивањето на 550 Spyder, во Skoda успеаја да го направат моделот 1100 OHC кој со силата и со перформансите може да се носи со најдобрите тркачки автомобили.
Skoda 100 OHC веќе го прослави својот 60. роденден. Беше по многу нешта единствена, а беше направена за тркање, а наместо конкурентите на патеката беше запрена од страна на политичката ситуација во земјата која ја лимитираше можноста за настап на возачите на Skoda на големите трки. Skoda 1100 OHC во свое време беше последниот збор на технологијата и сосема достојна конкуренција дури и за Porsche 550 Spyder.
https://youtu.be/hm8Bl60Zirw
Имаше само 500 килограми, па тоа беше една од главните карактеристики. Ја придвижуваше мотор со четири цилинтри и обем од 1 литар. Развиваше 92 коњски сили и можеше да достигне 8500 вртежи. Автомобилот успеваше да достигне најголема брзина од 190 до 200 километри на час, а тоа зависеше од преносот во менувачот.
На првата трка за ГН на Млада Болеслав, возачот Мирослав Фусек ја оствари првата од бројните победи на овој автомобил.