Германската гигант Daimler бил мета на Кинези коишто сакале да купат 5 проценти од акциите. Се работи кинескиот автопроизводител Geely, но Германците одлучиле да одбијат 3,8 милијарди евра.
Според инфорамциите, Германците сметале дека од Geely сакаат достап до електромобилните технологии на германската компанија со оглед на тоа што претстои менување на еколошките закони во Кина кои стануваат поригорозни.
Како причина за одбивањето на големата сума од Daimler е наведено дека компанијата претполага тоа да бидат инвеститори со долгорочен интерес. Аналитичарите сметаат дека доколку дошло до прифаќање на понудата, Geely ќе станела третиот акционер по големина во гигантот после Kuwait Investment Authority и BlackRock. Сепак, од зделката нема ништо, па сè си останува исто.