Која е причината поради што електромобилите се скапи?

ОБЈАВЕНО НА:

Литиумот е продукт кој не може да се обнови и главно се добива од Австралија. Потоа како добавувачи литиум се појавуваат Чиле, Аргентина, Кина и Зимбабве. Оној момент кога литиумот ќе почне масовно да се користи ќе се претвори во она што во моментов е нафтата.

Развојот на новата технологија беше причина производителите на автомобили сериозно да влезат во производството на електрични возила, но уште не е јасно што ќе се случи ако тие превозни средства станат масовни. Првото што во моментов се најавува е дека струјата ќе поскапи, но се вели дека тоа не е главниот проблем.

Станува збор пред сѐ за литиумот кој е основниот елемент во изработка на батериите, а тие се главниот дел на електромоторите на новите електронски превозни средства. Тој материјал непрекинато поскапува, а има тенденција за уште поголемо растење на цената.

Литиумот е продукт кој не може да се обнови и главно се добива од Австралија. Потоа како добавувачи литиум се појавуваат Чиле, Аргентина, Кина и Зимбабве. Оној момент кога литиумот ќе почне масовно да се користи ќе се претвори во она што во моментов е нафтата.

Сепак, проблемите не завршуваат тука. Литиумот не е единствениот редок метал во автомобилските батерии. Блоковите на акумулаторите користат и редица други ретки минерали како диспрозиум, лантан, неодимиум и прасеодиум. Во моментов сите се добиваат во многу лоши услови и вредат многу.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK