Германците воведуваат ред: Казна за снимање сообраќајка на автопат

ОБЈАВЕНО НА:

Германските медиуми предупредуваат дека полицијата почнала да го снима местото на сообраќајни несреќи на автопатиштата, и да ги „фаќа“ сите оние што се обидуваат од своите возила да снимаат видео од местото на инцидентот. Казните за ваквото однесување се од 100 до 200 евра, и тоа веќе функционира.

Казната што се добива е за користење на мобилен теелефон. Според пишувањето на Дојче Веле, во иднина казните во Германија за блокирање на пристапот на возилата на полиција и на брза помош ќе биде поголеми, а се разгледува и нов закон кој предводува и затворска казна за фотографиоте аматери кои поставуваат снимки од сообраќајните несреќи на социјалните мрежи.

Досега казната за блокирање на преминот на автопат била 20 евра и истата ќе се зголеми на 200 евра, со автоматско внесување негативни поени во возачката дозвола. Баварското министерство за сообраќај и најголемиот германски автомобилски клуб АДАЦ започнаа голема јавна кампања со која се укажува на опасноста од споменатото несовесно однесување на автопатиштата.

Дел од кампањата е и информаторот за странски возачи за тоа како треба да се однесуваат на германските патишта. На пример, преминот за спасувачките возила не треба да се прави дури откако ќе се слушнат сирените и ќе се здогледаат ротационите светла, туку веднаш откако ќе се направи застој. А снимањето на сообраќајките за социјалните мрежи е забрането.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK