За еден месец: Порачани 20.000 Citroen C3 Aircross

ОБЈАВЕНО НА:

Француски Citroen објави дека моделот што беше лансиран на пазарот во октомври, целосно новиот C3 Aircross веќе може да се пофали со повеќе од 20.000 нарачки на територијата на Европа. Со свеж дизајн, просторен и модуларен ентериер, и палета високоефикасни бензински и дизел мотори, над 12.000 од порачките биле од корисниците во Франција.

Во опремата на Citroen C3 Aircross можат да бидат понудени до 12 модерни системи за поддршка на управувањето, четири обезбедуваат беспрекорна конекција со околниот свет, а по потреба за движење надвор од стандардниот патишта, дополнителна проодност и безбедност нуди системот Grip Control® во комбинација со режимот за поддршка спуштање на надолница.

Дополнително спокојство и удобност при движење во урбана средина, гарантира системот Active Safety Brake, чија главна задача е да се спречи или намалат последиците од евентуалниот удар напред со активирање на автоматски систем за сопирање на возилото.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK