Синтетичкото гориво ги спасува автомобилите со внатрешно согорување

ОБЈАВЕНО НА:

Синтетичкото гориво се смета за еколошка алтернатива на конвенционалното бензинско и дизелско гориво, што треба да им овозможи на автомобилите со мотори со внатрешно согорување да останат на патиштата уште многу години.

За да биде што е можно поприфатливо за животната средина, синтетичкото гориво мора да се произведува од собран CO2 за да се надоместат емисиите создадени од неговото производство и дистрибуција. Сепак, нафтеното лоби се бори за релаксација на барањата за заштита на животната средина во Европската унија.

Според сегашните регулативи на ЕУ, јавноста може да користи само синтетички горива кои се 100 проценти јаглеродни неутрални. Сепак, нафтената индустрија сака да го релаксира ова правило, а европската тинк-тенк „Transport&Environment“ тврди дека ако индустријата го добие своето, автомобилите со синтетичко гориво ќе испуштаат пет пати повеќе CO2 од електричните автомобили.

Нафтената индустрија се залага за нови правила кои би дозволиле употреба на синтетички горива кои се 70 отсто почисти од бензинот и дизелот. Доколку се усвои овој закон, возилата кои работат на синтетичко гориво ќе можат да испуштаат 61 грам CO2 еквивалент на километар во 2035 година.

За споредба, во 2035 година електричен автомобил ќе испушта само 13 грама CO2 на километар. Освен со јаглерод диоксид, возилата со синтетичко гориво го загадуваат воздухот и со NO2. Тие исто така испуштаат NOx колку и моторите со фосилни горива.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK