ЕКСПЕРИМЕНТ: Јапонските возачи пијат алкохол додека се обучуваат

ОБЈАВЕНО НА:

Полицијата и инструкторите за возење во Јапонија усвоија неортодоксен пристап кон безбедноста на патиштата со надеж дека ќе ги намалат случаите на возење под дејство на алкохол – дозволувајќи им на возачите да консумираат алкохол пред да седнат зад воланот.

Автошколата Чикушино во југозападниот град Фукуока неодамна почна да нуди контролирани искуства со возење под дејство на алкохол, како дел од полициската кампања за да се убедат „премногу самоуверените“ возачи никогаш да не пијат и возат.

Иницијативата беше покрената околу 17-годишнината од смртта на трите деца од градот – две момчиња на возраст од четири и три години и нивната едногодишна сестра – кои загинаа кога во нивниот семеен автомобил удри вработен во општинската влада кој возеше под дејство на алкохол.

Целта е да се докаже дека и мала количина на алкохол може да доведе до губење на концентрацијата на патот, а поголемите количини се штетни и значително го зголемуваат ризикот од сообраќајна несреќа.

Резултатите од една од овие лекции биле прикажани на видео. Од возачите најпрво беше побарано да се спреват со три делници од патот – слалом, свиок S и серија тесни кривини – додека се трезвени. Репортерот на весникот, Хиелим Ха, потоа испил лименка пиво од 350 мл, како и по една шолја умешу вино од слива и шочу – и двете измешани со вода – во текот на еден час.

Се разбира, експериментот се спроведува во затворен простор со мали брзини и со инструктор. Резултатот е предвидлив: младиот студент не успева да се справи со контролите и упатствата на инструкторот: тој ги удира повеќето конуси, не влегува во кривината и, генерално, очигледно не се чувствува многу добро зад воланот.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK