Бузалковски од Брно се враќа со подиум во ФИМ Европскиот куп

ОБЈАВЕНО НА:

Македонскиот трикратен шампион во БМУ Европскиот шампионат, Христијан Бузалковски, изминатиот викенд настапи во Брно, Чешка на 5. и 6. трка од ФИМ Европскиот куп и БМУ Европскиот шампионат. Бузалковски на овие трки го освои третото место во ФИМ Еропскиот супесток 1000 куп и победа и второ место во БМУ Европскиот шампионат.

Христијан Бузалковски е најмлад претставник и за прв пат се натпреварува во класата до 1000 кубни сантиметри и заедно со неговиот тим, ,, 71 Team’’, се привикнуваат на новата средина. Како што најави пред почетокот на сезоната, Бузалковски во оваа сезона очекува што подобро да се претстави и да постигне што е можно подобри резултати, кои со добриот настап во Брно може да се види дека полека пристигнуваат.

„Конечно дојдовме до резултат кој навистина го посакувавме, трето место на ФИМ Европскиот шампионат и победа на БМУ Европскиот шампионат. Го стартувавме викендот како што планиравме, на првата трка имав малку полош старт и изгубив неколку позиции, но на крајот успеав да се вратам и да се борам за одличен резултат. За зал на неколку круга пред крајот имав проблем со менувачот (блиперот),  не сакаше да врати брзина, затоа морав да застанам и да изгубам 4 секунди и невозможно беше да се надополни разликата. Неделната трка беше подобра од самиот старт, направив добар старт и успеав да оддржам темпо во текот на целата трка, во последните два круга имавме одлична борба со Кочоски и имавме феноменален фото-финиш на трката“ – изјави Христијан Бузалковски.

Следна трка на Бузалковски е трката во Ријека, Хрватска на патеката Гробник.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK