Иџе Стефановски ќе дојде на кружната трка в недела во Скопје

ОБЈАВЕНО НА:

По седум годишна пауза од одржувањето на последната кружна трка во Скопје, викендов АМКК Примо АВЈ усепа да собере околу 50 натпреварувачи од пет земји. На патеката кај МТЦ и Скопски Саем ќе се вози меѓуклупски натпревар со меѓународен карактер.

На трката ќе се појави и Иџе Стефановски, нашиот претставник во ЕТЦЦ. Но, бидејќи неговото возило не е подготвено, ќе биде само гостин на трката. Ова го најави Александар Димушевски, претседателот на МКК примо АВЈ на прес-конференцијата во пресрет на трката.

Покрај 25-26 возачи од Македонија, од девет различни клубови најавени се уште толку од Србија, Косово, Бугарија и веројатно и од Грција.

Организирањето на оваа трка и со толкав број возачи е позитивен знак дека можеби конечно ќе се решат проблемите во авто спортот во Македонија. Сега има недоразбирања бидејќи на една страна има 11 клубот кои се надвор од федерацијата, и 6 кои се дел од нејзе. Но, сегашното раководство на АФМ нема организирани повеќе години првенство, ниту на кружни, ниту на ридски патеки, и нема прогласивање на шампиони.

На единствената трка што раководството ја закажа, на патеката во Пробиштип се појавија само четири возачи. Најавената трка на Водно беше откажана, повторно поради немање интерес. Од друга страна клубовите кои во моментов не се дел од федерацијата, самите одржуваат меѓуклупски натпревари и имаа трки во Кичево.

Сега за оваа трка во Скопје подршка стигна и од Агенцијата за млади и спорт, што е знак дека конечно нешто ќе „мрдне од мртва точка“.

Трката е закажана за во недела, 22 октомври со почеток во 12 часот. Ќе се вози во 6 класи, поделени во три дивизии. Во сабота е тренингот, исто така во 12 часот.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK