Анализа: Кои модели имаат најмалку шанси за „фабрички проблеми“

ОБЈАВЕНО НА:

Американците се многу посветени на статистиката и податоците што ги добиваат од различните истражувања им даваат можност некогаш и да предвидуват, па и да препорачуваат. Никој не сака да купи возило што потоа треба да го носи во сервис бидејќи било утврдено некој фабрички пропуст или пак сервисна акција поради можност за утврден дефект.

Последната студија на iSeeCars покажува и може да даде препорака кој автомобил да го имате во предвид кога би се решиле за купување. Тоа се модели што најмногу имале сервисни акции, и оние што имале најмалку. Секао дека вие би сакале да возите без да се грижите.

Единствено различно е што дел од моделите на листата на оваа студија ги нема многу во Европа, или пак малку се возат, но затоа во САД ги има многу на улиците. Секао, тоа може да покаже и кој бренд има возила што можеби поретко ќе ги носите на сервис.

Секоја година, милиони возачи се соочуваат со непријатности и мораат да закажат термин кај автомеханичар како одговор на известувањето за повлекување возило. Повеќе од 400 вакви акции имало само во 2022 година. Со купување на вистинскиот модел, шансите за негово повлекување може драстично да се намалат.

Според анализата на податоците од сервисната кампања организирана од американската Национална управа за безбедност на сообраќајот на патиштата (IIHS) за последните 10 моделски години, има автомобили кои се помалку изложени на ризик. Експертите даваат и предвидување за повлекувањата што се очекува да ги имаат моделите во следните 30 години.

Еве некои од оние возила што најмалку „одат во сервис“ по тој основ

Mazda CX-3
Број на повлекувања што овој модел се очекува да ги има за 30 години: 0,7 (просекот во индустријата е 4,0). Експертите ја забележуваат малата потрошувачка на гориво на Mazda CX-3, но критикуваат некои од неговите мотори кои имаат проблеми. Моделот веќе не се произведува

Mercedes-Benz AMG GT
Број на повлекувања што се очекува овој модел да ги има за 30 години: 0,7. Најновата верзија на Mercedes-Benz AMG GT добива пофалби за брзото забрзување, но добива недостатоци за багажниот простор.

Mercedes-Benz GLE
Број на повлекувања што се очекува овој модел да ги има за 30 години – 0,7. Најновата верзија на Mercedes-Benz GLE има ажуриран инфозабавен систем, но исто така е прилично скап.

Lexus IS 300
Број на повлекувања што се очекува овој модел да ги има за 30 години – 0,7. Lexus IS 300 има луксузен и удобен ентериер, но управувањето со автомобилот не возбудува многу експерти.

Mercedes-Benz GLC
Број на повлекувања што се очекува овој модел да ги има за 30 години – 0,7. Најновиот Mercedes-Benz GLC е сакан поради својот елегантен дизајн, но критичарите велат дека неговиот капацитет за влечење може да биде подобар.

Mercedes-Benz GLA
Број на повлекувања што се очекува овој модел да ги има за 30 години – 0,6. Најновиот Mercedes-Benz GLA има пространи седишта, но некои тврди пластики во внатрешноста оставаат лош впечаток.

Lexus RX 450h
Број на повлекувања што се очекува овој модел да ги има за 30 години – 0,5. Експертите го фалат најновиот Lexus RX за неговото лесно возење, но неговиот инфозабавен систем бара посебна обука.

Mercedes-Benz CLA
Број на повлекувања што се очекува овој модел да ги има за 30 години – 0,5. Динамиката на возење на најновиот Mercedes-Benz CLA добива високи оценки, но повеќето луѓе кои го тестирале автомобилот тврдат дека кабината е премногу бучна.

Lexus NX 300h
Број на повлекувања што се очекува овој модел да ги има за 30 години – 0,3. Најновата верзија на Lexus NX има пространа внатрешност, но нејзиното управување не е баш најдобро.

MINI кабриолет
Број на повлекувања што се очекува овој модел да ги има за 30 години – 0,2. Најновиот MINI Convertible нуди одлично управување, но квалитетот на возењето може да биде малку грубо.

Целосната табела на анализата на iSeeCars 

Models with the Fewest Safety Recalls – iSeeCars Study
RankModelExpected 30-yr Lifetime RecallsCompared to Overall Average
1MINI Convertible0.20.05x
2Lexus NX 300h0.30.08x
3Lincoln MKZ Hybrid0.50.13x
4Mercedes-Benz CLA0.50.13x
5Lexus RX 450h0.50.13x
6Nissan 370Z0.50.13x
7Hyundai Elantra GT0.60.15x
8Mercedes-Benz GLA0.60.15x
9Mercedes-Benz GLC0.70.18x
10Lexus IS 3000.70.18x
11Mercedes-Benz GLE0.70.18x
12Ford Fusion Energi0.70.18x
13Mercedes-Benz AMG GT0.70.18x
14Mazda CX-30.70.18x
15Lexus ES 300h0.80.20x
16Kia Rio 5-Door0.80.20x
17Lexus RC 3500.80.20x
18Mercedes-Benz GLB0.90.23x
19Infiniti QX500.90.23x
20Chevrolet TrailBlazer0.90.23x
21Mercedes-Benz S-Class0.90.23x
22Ford Fusion Hybrid0.90.23x
23Mercedes-Benz GLS0.90.23x
24Nissan Titan XD0.90.23x
25Lexus IS 3501.00.25x
26MINI Clubman1.00.25x
27Mitsubishi Mirage G41.00.25x
28Toyota Prius Prime1.00.25x
29Toyota Corolla Hatchback1.00.25x
30Mercedes-Benz A-Class1.00.25x
31Toyota Camry Hybrid1.00.25x
32FIAT 500X1.00.25x
33Infiniti Q601.00.25x
Следете не и на:

24AUTO NETWORK