Најдобриот македонски возач на кружни патеки Виктор Давидовски го делеа два круга од подиум во TCR Europe во Португалија, но поради невнимание на Фелипе Фернандез кој доцна сипираше и во еден свиок од внатрешна страна го удри Македонецот кој се изврте и потоа падна на последното 19 место на колоната. И покрај тоа што заврши какао 19. сепак Давидовски освои девет бодови во конкуренција на возачи што се натпреваруваат во TCR Europe.
Откако во квалификациите освои 4 бода,а н апрвата трка 24, сега со новите девет бодови Давидовски е на седмото место во генерален пласман во првенството на TCR Europe.
Драмата на втората трка се случи во 12-от круг, кога Виктор Давидовски успеа да го помине Фелипе Фернандез и да биде на третото место во TCR Europe. Фернандез потоа сакајќи веднаш да врати , се чини дека ја промаши точката на сопирање во свиокот 5 и имаше контакт со задниот дел на возилото на Давидовски, поради што македонскиот возач се изврте и заостана зад другите кои го престигнаа.
Како резултат на инцидентот, Рубен Фернандез го помина својот брат Рафаел за да се пресели на третото мест а Фелипе подоцна доби казна од десет секунди за предизвикување на судирот.
Победник во конкуренција на TCR Europe беше Том Коронел, тимскиот колега на Давидовски кој има 80 бода во генерален пласман, истокако и Џон Филипи кој на оваа трка беше второпласиран. Коронел беше петтопласиран во севкупниот пласман, каде возат и оние што се дел од WTC World Tour. Во таа конкуренција победи Сантијаго Урутиа пред клупскиот колега Тед Бјорк, и двајцата дел од Cyan Racing Lynk.
На оваа трка по Португалија, заедно возат и возачите од TCR World Tour. Иако ќе возат заедно, сепак бодувањето ќе биде посебно врз основа на постигнатите резултати. Возачи дел од TCR World Tour во текот на годината собираат бодови на различни трки, и на крај од сезоната најдобрите ќе возат на завршните трки – нешто налик на тенискиот АТП турнир на крајот од секоја година.
Резултати од трката по Португалија – 2 трка (генерален пласман)
1. Сантијаго Урутиа (Cyan Racing Lynk & Co, Lynk & Co 03)
2. Тед Бјорк (Cyan Racing Lynk & Co, Lynk & Co 03) +0.461
3. Фредерик Вервиш (Audi Sport Team Comtoyou, Audi RS 3 LMS) +1.046
4. Микел Аскона (BRC Hyundai N Squadra Corse, Hyundai Elantra N) +1.435
5. Том Коронел (Comtoyou Racing, Audi RS 3 LMS) +4.045
TCR Europe пласман
1. Том Коронел (Comtoyou Racing, Audi RS 3 LMS) 14 laps
2. Џон Филипи (Comtoyou, Audi RS 3 LMS) +3.396
3. Рубен Фернандез (RC2 Racing Team, Audi RS 3 LMS) +9.276
4. Бен Баргвана (Team Clairet Sport – Burson Auto Parts Racing, Peuegot 308) +11.224
5.Исак Смит (Volcano Motorsport, Audi RS 3 LMS) +11.894
Генерален пласман на возачи во TCR Europe
1. Џон Филипи 80 бода;
2. Том Коронел 80;
3. Исак Смит 45;
4. Кобе Паувелс 42;
5. Рубен Фернандез 41
6. Виктор Давидовски 37