BMW ги електрифицира возилата, но и велосипедите

ОБЈАВЕНО НА:

Новиот BMW Active Hybrid е-велосипед му дава шанса на BMW Lifestyle да го напише следното поглавје во успешната приказна на колекцијата BMW Bikes и уште еднаш демонстрира како иновативната технологија и софистицираниот дизајн може да се соберат во естетски задоволувачки севкупен концепт.

BMW ја објави првата информација за новиот електрифициран велосипед Active Hybrid e-bike на компанијата, што веќе може да се купи во некои од дилерските центри на брендот, како и на shop.bmw.com.

Од BMW коментираат дека како резултат на новиот помошен систем за погон, Active Hybrid e-bike ќе понуди дополнителна емоција, динамика и функционалност, и се потпира на нов електромотор Brose (250 W и 90 Nm).
Во комбинација со батерија (504 Wh), моторот нуди можност за избор меѓу четири нивоа на помагање на погонот што се движат од ECO (+ 50%) до TURBO (+ 275%).

Максималната брзина на движење на BMW Active Hybrid e-bike е 25 км/ч., а за зголемување на удобноста при патувањето помага и специјално развиеното ергономско седиште.

Цената на новиот електрифицирани велосипед на BMW е одредена на 3.400 евра.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK