Volkswagen ќе инвестира во рудници

ОБЈАВЕНО НА:

Германскиот производител на автомобили Volkswagen планира да инвестира во рудници за да ги намали трошоците за ќелиите на батериите, да покрие половина од потребите и да ги продаде на други компании, изјави член на одборот задолжен за технологија.

Стратегијата на VW е во согласност со поширокиот тренд кај производителите на автомобили да сакаат поголема контрола врз делови од нивните синџири на снабдување, од производство на електрична енергија до екстракција на суровини, за да ги обезбедат ресурсите неопходни за електрификација.

Најголемиот европски производител на автомобили сака неговиот оддел за батерии PowerCO да стане глобален снабдувач на батерии и има за цел да покрие половина од сопствените потреби со погони лоцирани главно во Европа и Северна Америка, изјави Томас Шмал за Ројтерс.

„Рударскиот капацитет е тесно грло за суровините, затоа мораме директно да инвестираме во рудниците“, рече тој.

Производителот на автомобили влезе во партнерства за снабдување со рударски компании во Канада, каде што ќе ја изгради својата прва фабрика во Северна Америка.

Шмал не сакаше да каже на кои други локации размислуваат, дури и ако VW директно може да инвестира во рудниците, пренесува Aljazeera Balkan.

Добивањето батерии по разумна цена е предизвик за производителите на автомобили како VW, Tesla и Stelantis кои сакаат да произведуваат подостапни електрични возила.

Само Tesla вети дека ќе инвестира повеќе во производството на батерии од VW, покажа анализата на Ројтерс, иако дури и таа се бори да го зголеми производството и ангажира азиски добавувачи да помогнат.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK