Часовник направен од делови од Lamborghini

ОБЈАВЕНО НА:

Францускиот производител на часовници Atelier Jalaper ја претстави својата најнова креација за љубителите на класични автомобили.

Ова е рачно изработен часовник AJ-P400 кој е екстра посебен поради една специфична причина. Часовникот е направен од оригинални делови од Lamborghini и конкретно Miura.

Часовникот е комбинација од полиран и мат челик со дијаметар од 39,5мм. Задниот дел на часовникот е оставен отворен за да се гледа механизмот, додека предниот дел е инспириран од формите на фаровите на Miura. Предното стакло е од сафир отпорно на гребење, а самиот часовник може да издржи и до 50 метри под вода.

Стрелките се инспирирани и од Miura и поточно километражата на класичниот суперавтомобил. Достапни се неколку акцентни бои, вклучувајќи зелена, портокалова, сина и црна, кои исто така ги рекреираат боите на Miura.

Ќе бидат направени 400 парчиња од часовникот, од кои секое е со цена од 1.800 евра.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK