Автомобилски гигант укинува 4.500 работни места во Европа

ОБЈАВЕНО НА:

Американскиот производител на автомобили Ford планира да укине 1.100 работни места во фабриката во Валенсија, Шпанија, изјави денеска портпаролката на компанијата.

Отпуштањата се составен дел од најавените промени во производството во Европа, изјави портпаролката на компанијата.
Фабриката во Валенсија моментално вработува 5.800 работници.

„Ford ќе работи конструктивно со синдикалните партнери за да го ублажи влијанието на отпуштањата врз вработените, нивните семејства и локалната заедница“, изјавија од компанијата.

Тие решија дека повеќе нема да ги склопува миниванот Galaxy и караванот S-Max во Валенсија.

Лани Ford објави дека ги одложува инвестициите во производството во Шпанија поради „ревидираната перспектива за Европа“, но потврди дека до крајот на деценијата треба да започне со производство на електрични возила во шпанската фабрика.

Производството на електрични возила ќе повлече и намалување на бројот на работни места. Американската компанија веќе најави дека ќе укине 2.300 работни места во Германија и 1.000 во Британија.

Од 2030 година планираат да продаваат само електрични автомобили во ЕУ.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK