Следејќи ја својата стратегија за преминување кон 100 отсто понуда на електрични производи во Европа, Ford објави нови детали од својот план за локално реструктуирање на својот бизнис. Ford објави дека крајната цел на моделското портфолио составено од целосно електрични автомобили останува непроменета, а и годината за постигнување на тоа останува непроменета – 2035.
„Целосно повторно го измислуваме брендот Ford во Европа. Непогрешливо американски, со исклучителен дизајн и услуги за поврзување што ќе го разликуваат Ford и ќе ги воодушеват нашите клиенти во Европа“, коментира Мартин Сандер, генерален менаџер на Ford Model e. „Подготвени сме да се натпреваруваме и да победиме во Европа. Нашиот прв електричен патнички автомобил од европско производство ќе биде претставен на пролет и сигурно ќе привлече внимание.
Преструктуирањето на Ford Europe предвидува организациски и административни промени, со крајна цел да се постигне помало, но фокусирано и постојано електрифицирано портфолио на производи. Планот на компанијата предвидува намалување на работната сила на брендот за околу 3.800 луѓе за поконкурентна структура на трошоциte за компанијата во Европа.
Најголемиот дел од кратењето на работната сила на Ford во Европа ќе биде во инженерски тимови, каде што ќе бидат укинати 2.800 работни места. Овде, објаснувањето на компанијата е повеќе од логично, наведувајќи го помалиот број на модели и преминувањето кон целосно електрични погонски системи кои се и појасни и лесни за имплементација.
Дополнително, Ford објави дека ќе се создаде послаба структура на трошоци за административните, маркетинг, продажните и дистрибутивните функции на брендот, што вклучува елиминација на приближно 1.000 позиции.
Ford вели дека компанијата ќе задржи околу 3.400 свои вработени во тимовите за дизајн и развој, како и оние кои работат на полето на решенија за поврзување.