Колку ќе ве чини замената на „стара“ регистерска табличка – рокот за замена е февруари 2024

ОБЈАВЕНО НА:

Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните и правните субјекти, односно сопствениците на возила, на обврската дека заклучно со 12.02.2024 мора да извршат промена на регистарските таблички со ознаката “МК“ со ознаката “NMK“.

Тоа значи дека сите кои имаат валви таблички на своите возила ќе мораат истите да ги заменат со нови. Трошокот за замена ќе биде платен од сопственикот на возилото, без разлика дали на возилото се уште му важи регистрацијата.

Цената за замена на табличките ќе чини 1400 денари, и тоа оди заедно во комплет со сообраќајна дозвола која треба исто така да се смени кога се мнуваат табличките.

Имено, согласно член 27 став (1) алинеја 5 од Законот за возила („Службен весник на Република Македонија” бр. 140/08; 53/11; 123/12; 70/13; 164/13; 138/14; 154/15; 192/15; 39/16 и 161/19) и согласно член 28 од Правилникот за форма и содржина на образецот на барањето за издавање на пробните таблици, формата и содржината на регистарските таблици и на пробните таблици, како и начинот и постапката на нивно издавање („Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 293/2020), сите сопственици на регистрирани возила се должни да ги заменат регистарските таблици кои ја содржат буквената ознака ,,МК”, издадени до денот на отпочнување со примена на овој правилник (15.01.2021 година), односно таквите таблички можат да се употребуваат најдоцна до 12.02.2024 година.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK