Не мора да купувате: Направете сами освежувачи за во автомобил

ОБЈАВЕНО НА:

Понекогаш редовното миење и чистење на автомобилот не се доволни да се ослободите од миризбата во кабината. Превезување на испотени момчиња, или осминките бурек може да го замирисаат возилото, а изборот е дали ќе купите синтетички освежувачи или ќе се обидете со неколку ‘направи сам’ освежувачи.

На странските Интернет страници со совети за ‘направи сам’ има мноштво идеи како да го освежите возилото, а ова се нашите фаворити:

  1. Наполнете чорап со кафе.

Ако наутро ви се допаѓа миризбата на свежо мелено кафе, тогаш со малку кафе направете си освежувач за во автомобилот. Земете два чорапа и едниот ставете го во другиот, а потоа внатрешноста наполнете ја со кафе. Може да користите кафе во зрна или мелено кафе. Заврзете го чорапот и ставете го под седиштето на возачот. Ако наполните уште еден чорап, можете да го сместите под совозачкото седиште.

Всушност и стјуардесите користат кесички со кафе за да ги отстранат непријатните миризби во авионот.

  1. Направете освежувач од топче памук и машничка.

Овој совет е позајмен од блогерката Julie of Frugally Blonde, која со мало топче памук и машничка направи освежувач кој може да се закачи на отворот од вентилацијата во колата. Како да го изработите освежувачот може да погледнете на нејзината страница, а потребни се топче памук, машна, шнола и етерични масла чии миризби ви се допаѓаат. На памукчето се ставаат неколку капки од етеричното масло и со машната се прикачува во колата.

  1. Неколку капки етерично масло во глинено тањирче

Ставете 10 – 15 капки етерично масло во глинено тањирче, а откако глината ќе го впие маслото, ставете го во колата и уживајте во миризбата.

  1. Истурете малку сода бикарбона во автомобилот.

Понекогаш најдобриот начин да се решите од непријатните миризби, е и најлесниот. Сода бикарбона секојдневно се користи во домаќинствата за отстранување на миризби. Наједноставно е да истурите малку сода врз површината која ја чистите, односно врз седиштата во возилото, исчеткајте со четка и оставете да отстои така преку ноќта. Утрото исчистете со правосмукалка.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK