Најголем проблем за производителите на автомобили е како да ги добијат на време сите потребни делови за вградување, за да може „комплетни“ да им ги испорачаат на купувачите. Во спротивно, недоправени, без некои компоненти возилата ќе чекаат на некој паркинг додека стигнат деловите.
Германскиот автомобилски гигант Mercedes-Benz продолжува да го зголемува обемот на производство, но во исто време не успева да го намали периодот на испорака на толку потребните микрочипови. Проблем што не е надминат.
Во обид да го зголеми обемот на испораки на автомобили до дилерите, компанијата произведува автомобили и ги става „на залиха“. Таму готовите автомобили ги чекаат вредните компоненти, кои откако ќе бидат вградени продолжуваат за испорака.
Производителот веќе ги наполни сите паркинзи на територијата на фабриката во Бремен (Германија) со вакви автомобили и почна да ги транспортира речиси готовите модели до напуштениот аеродром Алхорн. Судејќи по фотографијата од Google Maps, таму веќе се собрани неколку илјади автомобили.
Автомобилите се паркирани на широката писта што некогаш се користела за авиони. Од фотографиите се гледа дека патеката е речиси целосно исполнета. Има само мали острови на кои сè уште нема автомобили. Според извори од компанијата, на овој аеродром има модели кои немаат полупроводници кои обезбедуваат работа на аудио системот и системите за помош на возачот.