Mazda Motor планира електрификација на сите вои возила до почетокот на 2030, објавија јапонски Кјодо њуз, бидејќи повеќето производители на автомобили ги менуваат стратегиите за задоволување на стригите глобални регулативи за емисии на штетни гасови.
Автопроизводителот ќе користи електрични мотори во сите свои модели до тоа време, објави Kјодо Њуз, без да се цитираат извори. Портпаролката на Mazda одби да го коментира пишувањето на медиумот.
Во моментот, понудата на Mazda не вклучува ниту едно електрично возила, иако продава еден хибриден модел, верзија на Mazda3. Компанијата соопшти дека ќе претстави електрични мотори, вклучувајќи ги и електричните модели од 2019 година.
За да ги стигне другите големи автомобилски производители, како Nissan Motro, кој веќе има елкетрични возила на пазарот, Mazda планира партнерство со Toyota Motor во развој на оваа технологија.
Во меѓувреме Mazda разви ултра ефикасен бензински мотор, кој може да се користи во хибриди, и планира да го вклучи во своите автомобили од 2019 година.
Претставувајќи ја новата технологија минатиот месец, извршниот директор на Mazda, Масамичи Когаи, рече дека нивните технологии за бензински, дизелски и електрични возила ќе “коегзистираат” во иднина.