Екипата на McLaren ќе му дозволи на Фернандо Алонсо да се трка следната година на 24 часа Леман доколку возачот се обврзе на уште една година со Ф1 тимот. Алонсо не крие дека би сакал да ја им аво својата збирка титулата од „24 часа Леман“ како дел од најпрестижните – Монако, Индијанаполис 500 и Леман.
Шпанецот триумфираше во Монако во 2006 и 2007 година, а годинава не настапи бидејќи замина за САД за да се испорба на Инди, но не ја заврши трката поради проблеми со моторот. Со тимот на McLaren сезонава воопшто не му оди добро, и веќе е објавено дека тимот и јапонска Honda ја прекинуваат соработката.
И за следната година е веројатно дека Алонсо повторно нема да настапи во Монако за сметка на Инди, датумот на одржување на Леман не се поклопува со ниту една Ф1 трка. Од екипата велат дека нема да имаат ништо против да му дозволат и в година да се трка на Леман доколку тој е нивен член.
Но, според McLaren на Алонсо ќе му се овзоможи сето тоа само доколку не ги пореметува плановите на тимов во Ф1.
Шефот на McLaren имал деловна вечера со Алонсо како дел од преговорите за негово останување и следната сезона. McLaren сака да го задржи, и Алонсо во тој случај би останал еден од најдобро платените возачи во Ф1.