Кога возачи на Ф1 се во улога на Џејмс Бонд (Видео)

ОБЈАВЕНО НА:

Во последните седмици многумина посакуваат да го гледаат или веќе го гледале продолжението на новиот филм на најпознатиот агент во светот – Џејмс Бонд. Во филмот „Не е време за умирање“, исто како и претходните филмски изданија за Џејмс Бонд, во главна улога како возило е легендарниот Aston Martin и моделот DB5. И сигурно дека сте биле пријатно изненадени од возачките можности на Џејмс Бонд.

Тој модел на Aston Martin DB5 се стекна со слава благодарение на најпознатиот агент, а главната заслуга ја има Шон Конери и филмот „Златен прст“ во кој главната улога меѓу автомобилите ја има DB5. Сега повторно се врати возило што е опремено со уред за следење, прскалки за масло на патот, димни завеси и низа гаџети. Сега се познати и повеќе нови информации.

Автомобилите што се користеле за снимање на филмот ги испробаа и Ф1 возачите Ленс Строл и Себастијан Фетел, но изведбата на акробатиката ја препуштија на експертите. Се разбира, никој не се пожали, бидејќи снимањето беше вистинско задоволство.

Возач на Ф1 и возач на модел што го вози Џејмс Бонд не е исто. И едното и другото е навистина посебно. Но, како се снајдоа Ф1 возачите, и дали е полесно да управуваш болид или ваков автомобил.

Нил Лејтон е личноста во продукцијата која беше одговорна за возилата што се користат во акционите сцени, а неодамна откри дека користеле пет автомобили за снимањето на филмот.

Станува збор за реплики во кои каскадерите биле заштитени со кафез, а на располагање имале и хидраулична рачна сопирачка за полесно изведување на атрактивни маневри.

Еден од каскадерите, Марк Хигинс, за „Скај спортс Ф1“ откри дека бркотницата, која во филмот трае околу пет минути, се снимала цели седум недели во Италија.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK