Нови детали за Mercedes AMG Project One

ОБЈАВЕНО НА:

Супер автомобилот на Mercedes што ќе биде покажан во Франкфурт, под името Mercedes AMG Project One, а сега пред неговата премиера се познати и некои детали за возилото.

Делумно е покажан ентериерот на возилото со виртуелна табла и волан во стилот на болидите во Формула 1. Исто од тркачките натпревари е искористен хибридниот моќен агрегат. Тој се состои од 1,6-литарски бензински мотор V6 со два електромотори, од кои едниот го придвижува електрични компресор. Вкупната моќност на единицата надминува 1000 КС, а максималната брзина е 350 км/ч.

Придвижувањето на автомобилот е на сите четири тркала, и тоа може да се вози само на струја. Вкупно ќе се произведуваат само 275 парчиња од Mercedes-AMG Project One автомобили. Трошоците за производство на секој од нив е околу 2,5 милиони евра и сите се продадени однапред.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK